Основан во јануари 2018 година, Институтот за биомиметички науки (BSI), е
непрофитна фондација со седиште во Барселона, која се фокусира на
биомиметиката, био-инспирација имплементирана за подобрување на човечките
постапки, дизајни, производи и инфраструктурата на планетата. BSI се стреми да
создаде и имплементира иновативни решенија инспирирани од природата со цел
да се намали негативното влијание врз животната средина и да се консолидира
подобро општество приспособено на потребите на нашата иднина, секогаш
работејќи на имплементација на Целите за одржлив развој (SDG).
Бизнис Конфедерација на Македонија (БКМ) е формирана во 2001 година.
Започнува со работа како здружение на работодавачи кое ги артикулира,
застапува и поддржува интересите на своите членови и интересите на бизнис
заедницата во земјата. Денес, членството на БКМ се состои од 8.500 компании
здружени во 13 деловни здруженија. Покрај претставувањето и застапувањето на
интересите на своите членови, БКМ е катализатор на изразување на деловната
заедница и потикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во Северна
Македонија. Промовирајќи го концептот на одговорно водење на бизнис, БКМ
поттикнува одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите.
Глокална Фабрика (Glocal Factory – ГФ) е мрежа на експерти кои
работат за инклузија и иновации во Европа. Проектниот тим на ГФ
пишува и спроведува европски проекти во различни области,
фокусирајќи се на програмите Erasmus+, AMIF и REC. Со својот
меѓународен тим со седиште во Италија и Грција, Glocal Factory е
составен и од експерти со долгогодишно знаење во проектите на ЕУ и
од нови млади членови, кои носат дополнителни вештини.
Едуплиус е невладина организација која има за цел да создаде посилни врски
меѓу младите и светот на претпријатијата преку опремување со потребните
компетенции за преземање водство, планирање и водење сопствени иницијативи.
Организацијата вклучува искусен кадар кој долги години работи во образованието.
Важен фокус на организацијата е STEAM образованието.
Personal Training (PT) е центар за континуирано стручно образование и обука (C-
VET) со седиште во Русе, Бугарија. Неговата главна активност е фокусирана на
организирање и спроведување на курсеви за обука за стручни и клучни
компетенции и услуги за кариерно насочување и за млади и за возрасни. ПТ има
значително искуство во работа со специфични целни групи како што се NEET,
невработени лица, мигранти и ромски малцинства на локално ниво.