Основан во јануари 2018 година, Институтот за биомиметички науки (BSI), е непрофитна фондација со седиште во Барселона, која се фокусира на биомиметиката, био-инспирација имплементирана за подобрување на човечките постапки, дизајни, производи и инфраструктурата на планетата. BSI се стреми да создаде и имплементира иновативни решенија инспирирани од природата со цел да се намали негативното влијание врз животната средина и да се консолидира подобро општество приспособено на потребите на нашата иднина, секогаш работејќи на имплементација на Целите за одржлив развој (SDG).
Бизнис Конфедерација на Македонија (БКМ) е формирана во 2001 година. Започнува со работа како здружение на работодавачи кое ги артикулира, застапува и поддржува интересите на своите членови и интересите на бизнис заедницата во земјата. Денес, членството на БКМ се состои од 8.500 компании здружени во 13 деловни здруженија. Покрај претставувањето и застапувањето на интересите на своите членови, БКМ е катализатор на изразување на деловната заедница и потикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во Северна Македонија. Промовирајќи го концептот на одговорно водење на бизнис, БКМ поттикнува одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите.
Глокална Фабрика (Glocal Factory – ГФ) е мрежа на експерти кои работат за инклузија и иновации во Европа. Проектниот тим на ГФ пишува и спроведува европски проекти во различни области, фокусирајќи се на програмите Erasmus+, AMIF и REC. Со својот меѓународен тим со седиште во Италија и Грција, Glocal Factory е составен и од експерти со долгогодишно знаење во проектите на ЕУ и од нови млади членови, кои носат дополнителни вештини.
Едуплиус е невладина организација која има за цел да создаде посилни врски меѓу младите и светот на претпријатијата преку опремување со потребните компетенции за преземање водство, планирање и водење сопствени иницијативи. Организацијата вклучува искусен кадар кој долги години работи во образованието. Важен фокус на организацијата е STEAM образованието.
Personal Training (PT) е центар за континуирано стручно образование и обука (C- VET) со седиште во Русе, Бугарија. Неговата главна активност е фокусирана на организирање и спроведување на курсеви за обука за стручни и клучни компетенции и услуги за кариерно насочување и за млади и за возрасни. ПТ има значително искуство во работа со специфични целни групи како што се NEET, невработени лица, мигранти и ромски малцинства на локално ниво.